Министерот Ферати го започна процесот на ревизија на правилниците за работа за поефикасна и поодговорна администрација

Министерот Ферати го започна процесот на ревизија на правилниците за работа за поефикасна и поодговорна администрација

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, го започна процесот на ревизија на правилниците за работа во Министерството, како дел од заложбите за модернизација на администрацијата и унапредување на институционалното функционирање.

Министерот Ферати истакна дека промените мора да започнат од самите институции, преку создавање поефикасни процеси, поголема институционална одговорност и администрација ориентирана кон потребите на граѓаните.

„Промената започнува од самата институција. Денес го започнав процесот на ревизија на правилниците за работа, со цел да изградиме поефикасна, поодговорна и кон граѓаните ориентирана администрација“, изјави министерот Ферати.

Тој додаде дека институциите мора да функционираат според високи стандарди, со побрзо одлучување и поквалитетни услуги.

„Ова е првиот чекор кон администрација која им служи на граѓаните со професионалност, транспарентност и одговорност“, нагласи министерот Ферати.

Мени за пристапност