Министерот Ферати: Дијалогот, меѓусебната почит и соработката ќе бидат водилка на мојот мандат

Министерот Ферати: Дијалогот, меѓусебната почит и соработката ќе бидат водилка на мојот мандат

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, изјави дека својот мандат ќе го извршува со високо чувство на институционална одговорност и целосна посветеност на јавниот интерес.

Министерот Ферати нагласи дека дијалогот, меѓусебната почит и соработката ќе бидат основните принципи врз кои ќе се темели работата на Министерството за односи меѓу заедниците.

„Со големо чувство на одговорност и посветеност, го започнувам овој мандат со уверување дека дијалогот, меѓусебната почит и соработката се темел на посилно општество. Ќе работам транспарентно, со интегритет и целосна посветеност во служба на сите граѓани“, изјави министерот Ферати.

Тој повторно ја истакна својата заложба Министерството да биде отворена институција која ќе ги унапредува соработката, довербата и еднаквоста меѓу сите заедници.

Мени за пристапност