Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари работна средба со Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, во рамки на институционалната координација и зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка.
На средбата се разговараше за унапредување на односите меѓу заедниците, зајакнување на дијалогот, институционалната соработка и промовирањето на инклузивни политики во интерес на сите граѓани.
Министерот Ферати му се заблагодари на Првиот заменик-претседател на Владата за упатените честитки и изразената поддршка, нагласувајќи дека меѓуинституционалната соработка е клучна за реализација на приоритетите на Министерството.
Двајцата соговорници ја изразија својата подготвеност за тесна соработка и континуирана координација со цел градење поеднакво, поинклузивно општество и институции кои им служат на сите граѓани.