Стоилковиќ оствари работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора

Стоилковиќ оствари работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора, предводени од претседателот на Комората, г. Жаолонг Шао.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економската и стопанската соработка меѓу РС Македонија и НР Кина, како и за улогата што Кинеско-македонската стопанска комора може да ја има во поврзувањето на деловните заедници и поттикнувањето на нови иницијативи од заемен интерес.
Во конструктивна и пријателска атмосфера беше изразено заедничко задоволство од воспоставувањето на Комората, како значаен чекор кон интензивирање на економските релации и создавање нови можности за соработка меѓу компаниите од двете земји.

Соговорниците оценија дека традиционално добрите односи меѓу двете земји, а кои се темелат на меѓусебно почитување, доверба и пријателство, претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе области, особено во економијата, инвестициите и трговската размена.

Потпретседателот Стоилковиќ ја поздрави иницијативата за формирање на Кинеско-македонската стопанска комора и изрази подготвеност за поддршка на сите активности кои придонесуваат за јакнење на економските врски, зголемување на трговската размена и создавање поволна клима за нови инвестиции и деловни партнерства.

Мени за пристапност