Неждет Мустафа

Заменик-министер за односи меѓу заедниците
+389 (0)

 

Неждет Мустафа е роден во Скопје на 17.5.1962 година. Родител на три деца. Мајчин јазик му е ромскиот и добро говори македонски, српски, хрватски и германски јазик. Високото образование го завршува на Филозофскиот факултет во Скопје. Своето работно искуство го започнува во Аматерскиот театар „Рома“ како режисер. Основач е на првата ромска партија ПЦЕР, која подоцна се обединува со ДЛПР и станува Обединета партија за еднаквост на Ромите. Во текот на својата кариера се стекнува со функциите: градоначалник на Општина Шуто Оризари (два мандати), учествува во пратеничкиот состав во Собранието на Република Северна Македонија (два пратенички мандати), министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија.

Од 2004 е генерален секретар на Ромскиот европски форум при советот на Европа во Стразбур. Мустафа има издадено две домашни публикации со наслов „Првите години“, 2002; Скопје и „Ромизам и антидефитизам”, 2023, Скопје.

Добитник е на многубројни награди и признанија „Благодарница за посебниот ангажман во формирањето на Европскиот ромски и патувачки форум-оснoвач (ЕРТФ)“, 2008 година; „3-та Ноемвриска награда“, 2015 година, „8–Априлска награда“ - Прв и најуспешен градоначалник на Општина Шуто Оризари, 2019 година, „Најуспешен Европски ромски политичар“, 2022 година.

Дипломиран професор по филозофија

Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

- 1982-1986 Режисер во Аматерски театар „Рома“, Скопје,
- 1989-1992 Уредник и основач на ромската редакција, Македонска национална радио телевизија,
- 1995 – Претседател на Обединета партија за еднаквост на Ромите, Скопје,
- 1996-2002 Градоначалник на Општина Шуто Оризари, Скопје,
- 2002-2006 Пратеник во Собрание на Република Северна Македонија,
- 2004 – Генерален секретар на Ромскиот европски форум при советот на Европа во Стразбур,
- 2006-2008 Пратеник во Собрание на Република Северна Македонија,
- 2006-2017 Министер без ресор – национален координатор на Декадата и Стратегијата за Ромите, Влада на Република Северна Македонија,
- 2018-2019 Советник за ромски прашања во кабинет на премиер на Република Северна Македонија, Влада на Република Северна Македонија