Стоилковиќ: Почитта кон различностите – основа за инклузивно општество

По повод 21 мај – Светскиот ден за културна разновидност за дијалог и развој, упатувам искрени честитки до сите граѓани, со порака дека почитувањето и унапредувањето на културната различност претставуваат темел за напредно и инклузивно општество.

Овој ден нè потсетува дека различните културни изрази, јазици и традиции не се пречка, туку вредност што ја збогатува нашата заедница и придонесува за поголема меѓусебна доверба и разбирање. Градењето отворено општество подразбира активно негување на дијалогот, еднаквите можности и почитта кон секој поединец.

Во време на глобални предизвици особено е важно да продолжиме да вложуваме во соработка, солидарност и заемно почитување, како двигатели на одржлив развој и општествена кохезија. Културната разновидност е двигател на креативноста и иновациите, но и гарант за стабилност и мир.

21 мај нека биде дополнителен поттик за заедничко делување во насока на унапредување на вредностите на еднаквост, инклузија и почитување на различностите, како основа за посилно и пообединето општество, истакна заменик-претседателот во Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.