Стоилковиќ со порака за мир, соживот и благосостојба по повод Курбан Бајрам
По повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам најсрдечни честитки до припадниците на муслиманската верска заедница, со искрени желби за мир, здравје и благосостојба.
Курбан Бајрам носи силна порака за солидарност, пожртвуваност и хуманост, потсетувајќи нè на вредностите што нè обединуваат и ја зацврстуваат меѓусебната почит, доверба и соживот.
Во духот на празникот, нека празничните денови бидат исполнети со духовен спокој, радост и топлина, а празничната дарежливост нека биде поттик за унапредување на разбирањето, почитувањето на различностите и градењето посилно заедништво меѓу сите граѓани.
Честит Курбан Бајрам, порача во својата честитка заменик-претседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.
