ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија

ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија

Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија, со фокус на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузијата и креирањето јавни политики засновани на конкретни податоци и докази.

Ова беше во фокусот на состанокот за соработка и размена на идеи, кој се одржа во канцелариите на ОН во Скопје, на кој учествуваа претставничките Лаура Фиорото и Ардита Зекири, како и Шпенд Мурати, шеф на Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, заедно со претставниците на Министерството, Суеда Бајрами и Џелал Чајани.

За време на состанокот беа разгледани можностите за поддршка на Министерството во спроведувањето на неговата Стратегија, преку користење на истражувањата, податоците и анализите како основа за креирање и спроведување на поефективни политики. Во таа насока, акцентот беше ставен на зајакнувањето на социјалната кохезија и создавањето посилни, поинклузивни и поотпорни заедници.

Една од главните теми на разговорот беше SCORE Social Cohesion Survey, кој обезбедува значајни податоци и сознанија за факторите кои влијаат врз социјалната кохезија, односите меѓу заедниците и предизвиците со кои се соочува општеството.

На состанокот беше истакнато дека податоците и резултатите од истражувањата треба да служат како основа за конкретни активности и јавни политики. Таквиот пристап овозможува спроведувањето на Стратегијата на Министерството да биде повеќе насочено кон реалните потреби на граѓаните, да се темели на докази и да обезбедува мерливи резултати.

Мени за пристапност