По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, со длабока почит им оддаваме признание на сите оние кои се бореле за слобода, достоинство и правда.
Овој историски ден го означува почетокот на антифашистичката борба во Македонија и ја симболизира храброста, пожртвуваноста и решителноста на оние кои се кренале против фашизмот за послободна иднина.
Како Министерство, повторно ја потврдуваме нашата посветеност на зачувувањето на вредностите на слободата, мирот, демократијата и соживотот, кои претставуваат темели на праведно и рамноправно општество.